Дарко Милошевски

Дарко Милошевски

Дарко Милошевски

Дарко Милошевски е дел од тимот на ХЕРА од 2021 година. Како асистент на младинската програма, одговорен е за соработката со средните училишта, а во 2022 година е назначен за координатор на младинската програма.

Додипломските студии по политички науки ги завршува на правниот факултет „Јустинијан Први“, вклучувајќи и семестар за размена на студии во Јагиелонскиот универзитет во Краков.

Во ХЕРА се вклучува со четиригодишно искуство во граѓанскиот сектор, што го има стекнато како асистент за поддршка на ромската заедница во „Дендо Вас“, едукатор во Младинскиот образовен форум, практикант во Националниот демократски институт и со работно искуство во медиумот „Види Вака“.