Даниела Симова

Даниела Симова

Даниела Симова

Даниела Симова е дипломирана економистка при универзитетот Св. Кирил и Методиј, насока финансиско сметководствено банкaрство. Професионалниот развој го започнува во сметководствено претпријатие за да продолжи како финансиска раководителка во печатница.

Своето знаење и искуство го пренесува во невладиниот сектор преку финансиско раководење со проекти од областа на животната средина, образованието, заштита на децата и детските права. Преку своето дваесет годишно искуство се има стекнато со експертиза во финансиите на невладиниот сектор, планирајќи и водејќи проекти, одржување на обуки за буџетирање и подигање на капацитетите на НВО секторот.

Од 2020 е дел во тимот на ХЕРА во рамки на ИПА проектот „Отвораме можности“ каде што се отвораат можностите за социјалното претприемништво.

Верува дека незнаењето ограничува, лимитира, додека знаењето и повисоката свесност мотивираат, ослободуваат и будат тенденција за позитивна промена на нештата.