Ангела Илоска е доктор по општа медицина, членка на ХЕРА од 2017 година и поранешна претседателка на Комисијата за наука при Студентскиот парламент на Медицинскиот факултет.
Од средношколските денови се вклучува во младински активизам преку локални и национални младински програми и организации, фокусирани на пристап кон здравствени услуги со фокус кон споделување на веродостојни информации поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје и права на младите. Пасијата кон квалитетно образование ја продолжува и како наставничка по стручни медицински предмети.
Во моментов работи како лекарка. Ангела е членка на Управниот одбор на ХЕРА од 2020 година.