Андријана Папиќ Манчева дипломира на Катедрата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје во 2008 година, по што работи како независна преведувачка по француски и англиски јазик. Од 2010 година е дел од Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ главно како авторка и преведувачка на содржини и уредничка на филмскиот каталог. Организациските и комуникациските способности значително ги надградува во ЦРИС „Студиорум“, во областа на новите медиуми и здравствените политики и менаџмент, каде што работи од 2012 до 2016 година.
Во ХЕРА работи од септември 2017 година како координаторка за комуникации.