Александра Мојсова

Александра Мојсова

Александра Мојсова

Александра Мојсова се придружува во ХЕРА тимот како проектна координаторка на УНФПА проектот за зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики и високо-квалитетни услуги за сексуално-репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби.

Нејзината академска надградба брои диплома од областа на психологијата, магистерски студии во областа на човековите права и дипломатија при Универзитетот во Болоња и Универзитетот во Сараево (стипендирана програма од ЕДИХР инструментот за човекови права при ЕУ), како и магистерски студии со насока во меѓународни односи и дипломатија при УКИМ (Скопје), каде е магистрант.

Во сферата на лични интереси приоретизира човекови права, специфично со акцент на апатриди, (лица без целосна правна видливост), за што има објавено и конференциски научен труд во секцијата на млади истражувачи. Еднакво ја интересираат правата на ЛГБТИ заедницата и унапредување на ромската заедница, како и унапредување на нивното сексуално-репродуктивно здравје.

Како Содржински менаџер на ТвојатаВизијаЗаЕвропа проектот и Мрежен Комисионер при студентската организација АЕГЕЕ-Европа, ги надградува своите капацитети и како тренер во неформално образование и меки вештини. Со својата пракса во Civil Rights Defenders се здобива со можност да научи и придонесе повеќе за ЛГБТИ заедницата, додека нејзиното искуство како социјален работник и донесе специјален интерес во доменот на социјалната работа и унапредување на социјалните политики на национално ниво.

Веганството и одржливоста се составен дел од нејзините верувања, поради што верува во едноставни концепти како велосипедизам и рециклирање.