Александра Филипова

Александра Филипова

Александра Филипова

Александра Филипова започна да работи во ХЕРА од 2019 година како координаторка на Младинските центри „Сакам да знам“ и Мобилната гинеколошка амбуланта. Нејзино поле на интерес се младинските политики и образование, владеењето на право, недискриминацијата, како и истражувањето, застапувањето и креирањето на политики во овие области.

Своето работно искуство го започнува  во Младинскиот образовен форум најпрво како проектна асистентка, а потоа и како програмска асистентка во програмата за „Истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики“, при што реализира неколку истражувања поврзани со млади. Истовремено е членка на Управниот одбор на Националниот младински совет на Македонија, задолжена за комуникација со институции и креирање политики. Нејзиното последно работно искуство е во Институтот за демократија Социетас Цивилис.