Александра Данаиловска

Александра Данаиловска

Александра Данаиловска

Александра Данаиловска е родена во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факултет, а со постдипломски студии продолжува на Факултетот за општествени науки при Универзитетот во Љубљана, на програмата по Меѓународни односи.

Во невладиниот сектор се вклучува во 2016 година како потпретседател на граѓанското здружение „Институт за безбедносни и мировни истражувања – Карл фон Клаузевиц“, каде што има менаџирано проект од областа на безбедноста.

За време на студиите била волонтерка во тимот за одговор при катастрофи при Црвениот крст на Град Скопје, каде што се стекнува со практично искуство и со сензибилизираност за работа со социјално исклучени групи на граѓани.

Од 2019 година работи во ХЕРА како проектна асистентка на проект на УНФПА за зголемување на националните капацитети за креирање политики за сексуално и репродуктивно здравје, вклучително и во хуманитарни и кризни состојби.