23.11.2018

Европска недела на тестирање за ХИВ: Денес со ХИВ се живее долго и квалитетно доколку навреме се открие

Од 23  до 30 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која по петти пат се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. ХЕРА е само една од над 600 организации од 53 европски држави кои учествуваат во активностите на Европската недела на ХИВ тестирање со цел да ја подигнат свеста за придобивките од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат пристап до терапија, грижа и поддршка.

 

Денес, се претпоставува дека секое четврто лице во Европа кое има ХИВ, не го знае својот ХИВ-позитивен статус. Половина, пак, од луѓето што живеат со ХИВ се дијагностицирани доцна, со што се доцни со пристапот до терапија, грижа и поддршка.

Терапијата за ХИВ која е денес достапна, им овозможува луѓето со ХИВ да живеат квалитетно и долго доколку се дијагностицирани навремено. Луѓето што живеат со ХИВ имаат речиси изедначен животен век со лицата кои немаат ХИВ, доколку добиле навремен третман. Редовното земање на терапијата за ХИВ е и еден од најефективните начини на превенција на вирусот бидејќи луѓето кои редовно примаат терапија, имаат недетектибилно ниво на вирусот, со што целосно  се спречува преносот за ХИВ по сексуален начин, дури и доколку не се користи заштита, односно кондом. Затоа е толку важно навременото тестирање.

Во рамки на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, во Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам на Водно ќе биде достапно бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој ден од 23 до 30 ноември од 17.00 до 21.00 часот. Ги охрабруваме граѓаните да го посетат центарот и да направат ХИВ тест. За подетални информации, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.

Дополнително, ХЕРА ќе спроведе кампања на социјалните медиуми, која ја поддржаа и јавни личности од земјата. Европската недела на тестирање за ХИВ се одржува во ноември, кој се одбележува како месец на машкото здравје, па со оваа кампања потсетуваме дека тестирањето за ХИВ е особено важно и е дел и од грижата за машкото здравје.

Дали треба да направат ХИВ тест и други информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ граѓаните може да дознаат и на мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест. Преку неа може да се информираат за сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

ХИВ: Колку прашања, толку одговори

Во рамки на Европската недела на ХИВ, која се одржа од 23 до 30 ноември 2018 година под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“,  ХЕРА ја подготви и брошурата „Прашања и одговори за ХИВ“ која ги дава одговорите на најчестите прашања поврзани со ХИВ.

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на официјалната веб-страница на ХЕРА

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување отвора повик за прибирање понуди за изработка и дизајн на тријазична веб-страница којашто ќе биде официјалната веб-страница на самата организација, како и за обезбедување домен и хостинг на веб-страницата во период од три години по нејзиното започнување со работа.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.