Универзалниот пристап до сексуално и репродуктивно здравје и права и постоењето на услуги за превенција, грижа и поддршка на лицата што живеат со ХИВ се клучни за каков било понатамошен развој во оваа област. И покрај бројните одделни показатели поврзани со сексуалните и репродуктивните права (СРП) и со ХИВ, постоеше недостиг од меѓународно прифатени показатели што го мерат напредокот во поврзувањето на СРП со ХИВ.
Токму затоа, во 2012 година, Управувачка група за СРП и ХИВ и експерти за мониторинг и евалуација, составени од претставници од земји, донатори, агенција на ООН и граѓански организации, отпочна со иницијатива за процена на постојните показатели и сродните алатки за проценка и даде препорака за изготвување збирен документ со показатели што може да се користат за мерење на поврзаноста помеѓу СРП и ХИВ при донесување политики, во рамки на системите и при давањето услуги.
Базиран на показатели и сродни алатки за проценка и на резултатите и влијанието, овој документ дава основни податоци за СРП и ХИВ и за нивната меѓусебна поврзаност со кои полесно би можело да се утврдат потенцијалните показатели што би послужиле во даден специфичен контекст.
Овој документ е достапен само на англиски јазик.