Елена Петровска

Прoектна координаторка

elena.petrovska@hera.org.mk

 

Елена Петровска станува дел од тимот на ХЕРА на почетокот од 2018 година како проектна координаторка на проект за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето.  Родена е во Битола, но не се идентификува со географски одредници и не љуби граници и пасоши.

Како магистерка по туризмологија, уште од самите почетоци на кариерата креира широк пристап кон економскиот развој, имајќи ги во преден план економското зајакнување на жените и вработувањето на младите и ранливите категории. Нејзиниот академски развој го продолжува на студии во Словенија, каде што моментално ги завршува вторите постдипломски студии од областа на дизајнот на услуги, sharing economy и experience economy. Покрај тоа, преку различни ангажмани во Љубљана се здобива и со знаења за социјалното претприемништво и социјалната економија и активно се вклучува во активизмот за човековите права.

Во нејзиниот фокус се  ЛГБТИ активизмот,  феминизмот, женските права. Во оваа област делува уште од 2013 година како членка на лезбејско-феминистичката активистичка група „ЛезФем“ од Скопје, а во 2016 година станува менаџерка на шелтер-центарот „Сигурна куќа“ за заштита на ЛГБТИ лица, жртви на насилство при Хелсиншкиот комитет за човекови права – ЛГБТИ Центар за поддршка.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.