09.07.2019

Државата ги прифати препораките за обезбедување достапност на медикаментозниот абортус и модерната контрацепција

На 4 јули 2019 година во Палатата на Обединетите нации во Женева, се одржа пленарна сесија на Советот за човекови права на која се усвои одлука за исходот на третиот универзален периодичен преглед на човековите права во Република Северна Македонија.

Нашата земја ги прифати препораките дадени во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и права, од коишто би ги издвоиле оние кои се однесуваат на достапноста и пристапноста на медикаментозниот абортус во земјата согласно упатството на СЗО за безбеден абортус, и на обезбедувањето универзална покриеност на сите трошоци поврзани со СРЗ и модерна контрацепција.

Нашата претставничка Драгана Каровска Чемерска го поздрави прифаќањето на препораките и во својата изјава истакна дека е потребно што поскоро државата да обезбеди регистрација, набавка и дистрибуција на лековите за медикаментозен абортус. Исто така, таа укажа дека бесплатната контрацепција наменета за ранливите групи не се обезбедува заради пречките (или немањето механизам) за нејзината набавка и дистрибуција. Конечно, таа ја повика Владата, во согласност со Владината програма во областа на здравството до 2020 да обезбеди вметнување на модерната контрацепција на позитивната листа на лекови во државата.

Изјавата можете да ја прочитате во целост тука:

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Кои се инвестициите и минималните стандарди за заштита од родово засновано и семејно насилство?

Родово заснованото и домашното насилство се меѓу најгорливите проблеми кај нас и дел од секојдневието на многу граѓанки и граѓани. Како потписничка на Истанбулската конвенција, нашата земја има обврска ефективно да се справи со оваа состојба; едно од клучните решенија е да обезбеди основни финансиски средства и стандарди за подобрување на достапноста кон специјализираните сервиси за жртвите на овие видови […]

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

„Нега Плус“ нуди можност за работен ангажман

„Нега Плус“ e социјално претпријатие кое нуди професионална грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови, основано во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување. За потребите на „Нега Плус“, објавуваме повик за ангажирање: две сертифицирани негувателки за нега и грижа на стари лица во домашни услови; две жени за одржување и помош во […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.