Драгана Каровска Чемерска

dragana karovska cemerskaПрoграмска раководителка

dragana.karovska@hera.org.mk

Драгана Каровска Чемерска започна да работи во ХЕРА во 2014 година како координаторка на проект чиј фокус е спречување и заштита од дискриминација на ЛГБТ заедницата. Нејзин интерес се човековите права и нивната заштита, овозможување на еднакви можности и елиминирање на дискриминацијата преку застапување, анализи и истражување на тековните состојби.

Правните студии ги завршила на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и живее. Најголемиот дел од работното искуство го стекнала во периодот од 2003 до 2014 година во Институтот „Евро-Балкан“, каде што работела како проектен координатор на голем број проекти во Истражувачкиот центар за родови студии. Исто така, ги координирала и постипломските родови студии по нивното воведување. Понатаму, по прераснувањето на Институтот во Универзитет, како генерален секретар била задолжена за правните и административните работи на Универзитетот. Во периодот од 2011 до 2013 година била академски координатор на Охридскиот летен универзитет.

Од 2015 година, Драгана е членка на ХЕРА.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за социјален/на работник/чка

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање социјален/на работник/чка во Младинскиот центар „Сакам да знам“ во Шуто Оризари за периодот август – декември 2018 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.