Доброволно и доверливо советување и тестирање за ХИВ

Доброволното советување и тестирање (ДСТ) претставува доброволен процес, инициран од страна на самите клиенти за доброволно советување и тестирање за ХИВ.  Особено во земјите со ниска стапка на ХИВ како нашата, каде што степенот на информираност за ХИВ може да биде низок, многумина имаат перцепција дека за нив не постои ризик за ХИВ.

Сервисите за ДСТ им помагаат на луѓето да го разберат индивидуалниот ризик од ХИВ, да го разберат значењето на сопствениот ХИВ-статус, како и да поттикнат побезбедно однесување за намалување на евентуалниот ризик од пренос на ХИВ. ДСТ обезбедува услуги за добролно и доверливо советување и ХИВ тестирање преку две мобилни единици (соодветно опремени комбиња) во 11 градови низ Македонија во партнерство со 14 здруженија на граѓани и 10 здравствени институции во државата за ранливи и тешко достапни групи (млада популација, мажи кои имаат секс со мажи, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници, затвореници и останати популации кои имаат потреба од оваа услуга).

ДСТ му овозможува на клиентот да добие доброволно советување, кое ќе му помогне да направи информиран избор поврзан со неговиот ХИВ-статус и да преземе соодветни чекори откако ќе го дознае. Советувањето му овозможува на клиентот, преку дискусија со советувачот, да го анализира сопствениот ризик за пренос на ХИВ и да се информира за можните начини за намалување на ризикот, како и за ХИВ и самото тестирање.

Советувањето во ДСТ се одвива во форма на преттест-советување и постстест-советување. Во текот на преттест-советувањето, советувачот на секој клиент му нуди можност да ја истражи и анализира својата ситуација и врз основа на тоа да одлучи дали ќе се тестира за ХИВ. Секој клиент носи одлука дали ќе се тестира за ХИВ врз основа на понудените информации за ХИВ и поддршката од советувачот. Посттест-советувањето им помага на клиентите да го разберат значењето на резултатот од ХИВ-тестот, да ги истражат и идентификуваат можностите со кого може да го споделат резултатот од ХИВ-тестот, да ги идентификуват следните чекори за намалување на ризикот за понатамошен пренос, односно добивање на ХИВ-инфекција.

Работењето на ДСТ се темели на следните аспекти и принципи:

  • Доброволност – клиентот сам одлучува, врз основа на информациите кои ги добил во текот на преттест-советувањето, дали ќе се тестира за ХИВ.
  • Доверливост – информациите споделени во текот на советувањето, вклучувајќи ги и резултатите од ХИВ-тестот, не смеат да бидат споделувани со други лица, освен на барање на клиентот. Доверливоста на клиентите се гарантира и со чување на евиденцијата со податоци и нивна понатамошна обработка.
  • Тестирањето се изведува со брз ХИВ-тест на капиларна крв (крв од прст на рака). Резултатот од брзиот тест се добива за 15 минути.
  • Приватност – физичката средина во сервисот за ДСТ обезбедува услови за приватна дискусија помеѓу клиентот и советувачот.
  • Еднаквост – сите клиенти на сервисот ДСТ се третирани на еднаков начин, без разлика на нивниот ХИВ-статус, социјален статус, степен на образование, родов идентитет, сексуална ориентација, возраст, етничка или религиозна припадност, кој било вид на попреченост или која било друга карактеристика.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.