Деспина Димитрова

DEFI_UOЧленка

despina.dimitrova@hera.org.mk

Деспина Димитрова е родена во Скопје, 1992 година. Основното и средното образование ги завршува во родниот град. Во 2011, се запишува на Стоматолошкиот факултет во Скопје, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, каде студиите и се сè уште во тек.

Во 2010 година активно се вклучува во Х.Е.Р.А. преку проектот “Moj избор, моја одлука” во кој се работеше на театарски базирана едукација–форум театар. Подоцна се приклучува во програмата за врсничка едукација каде започна како врсничи едукатор за ХИВ/ СИДА. Од тогаш, активно е инволвирана во функционирањето на младинската група на ХЕРА, каде ги планира и спроведува активностите поврзани со младите и нивното сексуално и репродуктивно здравје и права. Поле на интерес и се човековите права како и застапување и лобирање за сексуалните права на младите во Македонија.

Во 2013 година ги застапува младите како говорник на младинската конференција за “Достапноста на модерната контрацепција за младите во Македонија”. Следната година, 2014, повторно го зазема местото на говорник и младински претставник на конференцијата која претходеше.

Во тек е нејзиниот прв мандат, како член на Управниот одбор на Х.Е.Р.А.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Карта со оцена од заедницата #6

Картата со оцена од заедницата претставува истражување за состојбите на здравствената заштита и правата на Ромките од Шуто Оризари поврзани со услугите за планирање на родителство, услугите во текот на бременоста и по породувањето.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и дизајн на двојазична веб-страница

Во рамки на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање и имплементирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од УНФПА, предвидени се средства за изработка и дизајн на двојазична веб-страница за Минималниот основен пакет на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.