Во отсуство на адаптирани и приспособени едукативни материјали, повеќето од лицата со оштетен вид и слух бараат информации за сексуално и репродуктивно здравје и родово-базирано насилсвто на интернет. Како последица, 41% од лицата со попреченост не можат брзо и едноставно да пристапат до здравствените услуги и сервисите за заштита од родовобазирано насилство. Oва се први брошури од ваков вид во земјата кој се напишана на брајово писмо, и изработени во лесно разбирлив формат, во кои има oсновни информации за препознавање и поддршка во случај на родово-засновано насилство и КОВИД- 19, наменети за лица со попреченост и даватели на услуги. Прирачниците се финансиски поддржани од Фондот за население на Обединетите нации УНФПА. На 3 декември гласно зборуваме за потреба од пристапни и достапни сервиси за сексуално и репродуктивно здравје и родовобазирано насилство.