Сакаш да направиш промени во подобрувањето на економската состојба на Ромките?
Тогаш стани дел од Групата за застапување за еднакви можности при вработување.
Групата за застапување за еднакви можности при вработување е составена од Ромки активистки и делува во рамки на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување како дел од проектот „Ромките застапуваат за еднакви можности при вработување“, поддржан од Фондацијата Kvinna till Kvinna. Во моментов, оваа Група е единствената иницијатива на Ромки која активно работи на мониторинг на спроведувањето на стратегиските документи и се залага за нивно подобрување и за промовирање на родовата еднаквост во областа на вработувањето.
На сите оние кои ќе се вклучат во Групата, членството ќе им овозможи да ги зајакнат своите капацитети за застапување и за родова еднаквост, да учествуваат на состаноци за застапување во општини и национални институции, како и во анализа и мониторинг на политики од аспектот на нивното влијание врз состојбата на Ромките, при што ќе имаат и можност да дадат свој придонес во подигнување на јавната свест за дискриминацијата и стигмата врз Ромките во делот на вработувањето.
Најдоцна до 1 јули 2020 година заинтересираните кандидатки треба електронски да достават кратка биографија на е-адресата olivera.stojkovska@hera.org.mk со назнака Оглас за членство во Група за застапување за вработување.
Онлајн платформата за поддршка на Ромки формирана од страна на Групата за застапување може да ја најдете на следниов линк и да се приклучите за информации, споделување искуства, меѓусебна поддршка и дружење.