Во рамките на регионалниот проект „Младите зборуваат, младите одбираат“ што ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување го спроведува со поддршка од Меѓународната фондација за планирано родителство – Европска мрежа, е предвидена реализација на национална кампања за подигнување на јавната свест за предизвиците со кои се соочуват младите кога е во прашање пристапот до информации и услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје.
Заради поголема видливост на комуникациските продукти, потребно е да се направи закуп на билборди.
Ве покануваме да ни ги доставите Вашите понуди најдоцна до 21 април 2023 година, до 17 часот по електронски пат на konkurs@hera.org.mk.
Во продолжение се дадени сите потребни информации и детали за поедноставно осмислување на понудата.
Позадина
Стигмата и дискриминацијата, социо-економските фактори и географската далечина се пречки со кои на ранливите групи во општеството им се отежнуваат пристапот до здравствените услуги и барањето помош. Во целиот свет постојат јасни показатели дека пандемијата предизвикана од ковид-19 влијаеше врз пристапот до информации за најразлични теми поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје и права (СРЗП) и врз испораката на услугите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ). Исто така, пандемијата нашироко покажа колку се кревки системите и до која мера земјите се неподготвени да се справуваат со здравствени кризи.
Оттука, Меѓународната федерација за планирано родителство – Европска мрежа спроведе истражување како почетна фаза од двегодишен проект (2021 – 2023) финансиран од програмата „Merck for Mothers“ која има за цел да придонесе кон попристапни услуги и информации за СРЗ што се пријателски настроени кон младите за време на кризни ситуации и по нив, во пет земји на Западниот Балкан, и тоа Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Република Северна Македонија.
Податоците за Македонија во оваа подробна анализа покажа дека во раните фази на пандемијата младите имале тешкотии во пристапувањето до релевантни и точни информации за СРЗ, што е особено забележано кај ранливите млади. Услугите за менталнотото и гинеколошкото здравје (менструација, третирање на инфекции, грижа во бременоста) биле најбарани во текот на пандемијата еднакво од сите групи на млади. Сепак, на ранливите млади им требал поширок опсег на СРЗ услуги и производи за време на пандемијата на ковид-19 отколку на младите воопшто.
Постоечката општествена стигма и дискриминација, но и немањето здравствена документација и осигурување придонеле кај Ромите да биде отежнат пристапот до СРЗ услуги. Чувството на страв и анксиозност кај младите мајки поради слабата информираност за ковид-19 влијаеле врз нивната здравствена безбедност. ЛГБТИ младите имале најголема потреба од грижа за менталното здравје поради фактот што стигмата, недовербата во институциите и дискриминацијата од здравствените и од професионалните работници за ментално здравје биле само надоврзани на пандемијата, што придонело до нивна поголема социјална изолација и анксиозност.
Насилството во семејството, во кругот на блиските и на социјалните медиуми било зголемено за време на пандемијата, а притоа најзасегнати биле ЛГБТИ лицата и Ромките. Генерално, постои незадоволство кај сите млади од одговорот на институциите за решавање на случаите со родово и сексуално базирано насилство, вклучително и за зачестените појави на случаи на насилство на социјалните медиуми врз девојките.
Инструкции за понудувачите
- Договорен орган
Договорен орган е ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со адреса на ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, 1000 Скопје, телефон за контакт 02/2390 395, факс 02/2556 002.
Лице за контакт кај договорниот орган е Андријана Папиќ Манчева, телефон 02/3290-395, факс 02/2556 002, електронска адреса andrijana.papic@hera.org.mk.
- Предмет на набавка
Предмет на договорот за набавка е закуп, печатење и поставување на 6 (шест) билборди на различни локации низ Скопје. Предметот на набавката не е делив. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.
- Начин на испорака/извршување на услугата
Носителот на набавката е должен понудата за набавка да ја испорача по електронски пат на konkurs@hera.org.mk.
- Рок на испорака/за извршување на услугата
Носителот на набавката е должен да ја успорача услугата која е предмет на набавката која е предмет на договорот во периодот 15-30 мај 2023 година.
- Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт, односно по завршувањето на закупот на билбордите, по издадена фактура.
- Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице – понудувач.
- Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за доделување на договорите, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:
7.1. Лична состојба
- Во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- На понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- На понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- Понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
- Понудувачот да нема неплатени даноци, придонеси или други давачки; освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќa;
- На понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
Понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
7.2. Техничка или професионална способност
Главни критериум за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се:
– Повеќегодишното искуство во надворешно рекламирање,
– Висок квалитет на печатените продукти користени за надворешно рекламирање и
– Расположливост на простор за надворешно рекламирање на шест специфични локации, дадени во делот на техничките спецификации.
- Начин на докажување на способноста на понудувачот
Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумот за утврдување на личната состојба, професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата (Прилог 3).
- Изготвување и поднесување на понудите
9.1. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во повикот во електронска форма или печатена форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
9.2. Елементи на понудата:
Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:
- Образец на понуда (Прилог 1),
- Изјава (Прилог 2),
- Биографија/портфолио на компанијата за надворешното рекламирање (Прилог 3).
9.3. Јазик на понудата
Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат со понудувачот, се пишуваат на македонски јазик.
9.4. Период на важност на понудата
Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 30 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.
9.5. Цена на понудата
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
9.6. Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
- Краен рок и место за поднесување на понудите
- Краен рок за поднесување на понудите е 21 април 2023 година, до 17 часот.
- Понудите се поднесуваат електронски на konkurs@hera.org.mk со наслов „Понуда за закуп на билборди“.
Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде земена предвид при изборот.
- Известување за доделување на договорот за набавка
Избраниот понудувач ќе биде известен дека неговата понуда е прифатена по електронски пат во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда. Во исто време, и сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од повикот.
- Технички спецификации
Предметот на набавката се состои од закуп на шест (6) билборди на шест различни локации низ Скопје и тоа пред или во непосредна близина на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и во близина на седиштата на поголемите политички партии (вклучително и во албанската и ромската средина).
Секој од закупените билборди ќе носи различен постер и порака, заради што треба соодветно да се планира и времето за печатење.
Закупот на билбордите е предвидено да трае најмалку 10 дена (односно, од 20 до 30 мај 2023 година). По завршувањето на закупот, пожелно е понудувачот треба да достави информации за проценетата бројка на лица што ги виделе билбордите.
Временска рамка:
Понудувачот треба да се води според следнава временска рамка:
ВРЕМЕНСКА РАМКА | ||
АКТИВНОСТ | МЕСЕЦ | |
Прием на готовите дизајнерски решенија од ХЕРА | 15 мај 2023 г. | |
Печатење и поставување на билбордите | 15-20 мај 2023 г. | |
Времетраење на кампањата | 20-30 мај 2023 г. | |
Буџет
Понудувачот треба да достави список со цена за закуп на сите шест билборди, вклучително и за нивното печатење и поставување. Буџетот треба да се прикаже со ДДВ.