ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички и правни лица, за графичко уредување на прирачник за наставници за сеопфатно сексуално образование (ССО).
Ангажманот е во рамките на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање на политики за сексуално и репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби”, поддржан од страна на Фондот за население на ООН – УНФПА
1. За проектот
1.1. Позадина на проектот
Во фокусот на проектот „Зголемување на националните капацитети за креирање на политики за сексуално-репродуктивно здравје на принцип на човекови права, вклучително во хуманитарни и кризни состојби“ е мултиетапниот развој на сексуалното и репродуктивно здравје на маргинализираните групи и лицата со попреченост, што е предвидено да се постигне преку нивна едукација со цел да се намалат факторите на ризик за сексуална злоупотреба, како и преку воведување на сеопфатното сексуално образование (ССО) во формалниот образовен систем.
Како дел од првата фаза на пилотирање на ССО во училиштата, процес поддржан од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и ХЕРА, во соработка со надворешни експерти беше изработен прирачник за наставници кој тие треба да го користат за време на реализацијата на програмата што е планирано да се одвива на македонски и на албански јазик. Токму затоа, предвидено е да се обезбеди и графичко уредување на прирачникот во двете јазични верзии, со што би се овозможило непречено спроведување на програмата за ССО.
1.2. Општа цел на проектот:
- Социјално исклучените и ранливите групи се зајакнати да ги уживаат своите права и имаат подобар квалитет на живот и пристап до основни услуги за СРЗ;
- Зајакнување на националните капацитети за вклучување на младите и адолесцентите и нивните потреби и права во законите, политиките и програмите.
1.3. Целна група на проектот:
Наставници и останати лица кои се јавуваат во улога на обучувачи, тренери, поддржувачи, згрижувачи.
2. Опис на активноста:
Бараме физичко или правно лице чија главна одговорност ќе биде да го дизајнира прирачникот за ССО кој има приближно 305 страници. Дизајнот подразбира форматирање и прегледно редење на текстот и едноставно дизајнирање на содржината. Прирачникот постои во македонска и албанска верзија, што значи дека треба да се уреди во две засебни јазични верзии со идентичен дизајн. Притоа, во текот на целиот процес, ангажираното лице ќе биде во редовна комуникација и координација со проектниот тим. Притоа, ангажираното лице ќе ја спроведува активноста надвор од канцелариите на ХЕРА.
2.1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве квалификации:
- Најмалку три години работно искуство во областа на графичкиот дизајн, особено во дизајнирање и подготвување за печат на публикации, брошури, прирачници;
- Докажано портфолио во изработка на исти/слични продукти;
- Предност ќе имаат кандидати со искуство во работа со/во невладиниот сектор.
2.2. Ангажираното лице ќе биде одговорно за:
- Форматирање и редење на текстот во прирачникот за ССО во две верзии (македонска и албанска);
- Креирање минимален и едноставен дизајн на содржината;
- Подготвување на дизајнираниот прирачник за печат.
3. Продукти кои треба да се донесат за време на ангажманот:
- Два прирачника за ССО со идентичен и едноставен дизајн и прегледно наредена содржина, на македонски и англиски јазик.
4. Рок за спроведување:
- Работата на оваа активност се очекува да биде спроведена во периодот од 5 до 30 ноември 2020 година.
5. Најдоцна до 4 ноември 2020 година до 12.00 часот сите заинтересирани треба да испратат:
5.1. За правни лица:
- Референци (портфолио) за Понудувачот во подготовка и испорака на овој тип на услуги;
- Финансиска понуда во приложениот формат.
5.2. За физички лица:
- Детална биографија;
- Референци (портфолио) за подготовка и испорака на овој и сличен тип на услуги;
- Финансиска понуда во приложениот формат.
Предвид ќе бидат земени само оние понуди кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација во предвидениот рок.
6. Начин на избор:
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди. Критериум за избор, покрај цената, е и искуството во областа на графичкиот дизајн и во подготовката на вакви публикации.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од повикот по електронски пат, во рок од 3 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката Понуда за ангажирање физичко или правно лице за дизајнирање на прирачник за ССО можете да ги доставите на следниов начин:
- По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
- По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје, со назнака Понуда за ангажирање на физичко или правно лице за графички дизајн на прирачник за наставници од областа на Сеопфатно сексуално образование (ССО).
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.