ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува јавен оглас за вработување проектен/-на координатор/-ка, на определено време за периодот до 15 септември 2022 година.
Опис на работната позиција, задачи и услови:
Проектниот/-ната координатор/-ка ќе биде одговорен/-на за:
- Поддршка/ координација на процесот за подготовка на студија (base line – end line) со податоци за бројот, опсегот и покриеноста со услугите за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) на лицата во избрани региони од страна на семејните лекари;
- Следење и координација на изготвен план за спроведување на теренски посети и дистрибуција на информативен/ едукативен материјал за услуги за СРЗ кои ги даваат семејни лекари во избрани региони;
- Координирање и поддршка на 4 ординации за давање на услуги за СРЗ од страна на семејните лекари (во согласност со спроведено национално мапирање во изминатиот период);
- Поддршка/ координација на работната група за услуги за сексуално и репродуктивно здравје во примарната здравствена заштита;
- Соработка со национален и меѓународен консултант за подготовка на Национален план за имплементација на услуги за СРЗ од страна на семејни лекари и на политика со предлог-модалитети за плаќање на семејни лекари за давање услуги за СРЗ;
- Координација и поддршка на процес на евалуација на проектот за давање на услуги за СРЗ од страна на семејни лекари;
- Подготовка на документ за добри практики и научени лекции;
- Координација и поддршка во процесот на подготовка на Прирачник за обука на гинеколози за медикаментозен абортус;
- Организирање на обука за обучувачи нна гинеколози за медикаментозен абортус;
- Организирање на обуки за јакнење на капацитети на гинеколози за нудење на услуги за медикаментозен абортус;
- Учество во координацијата на проектни активности со партнерските институции Центар за семејна медицина и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство;
- Извршување на административните и логистичките аспекти во спроведувањето на активностите;
- Подготовка на извештаи за активностите, на програмата за сексуално и репродуктивно здравје и на стратегиските индикатори во согласност со потребите на донаторите и организацијата;
- Активно учество во средби, состаноци, мрежи и иницијативи од областа на сексуалното и репродуктивно здравје, со фокус на примарна здравствена заштита и пристап до безеден абортус, во претходна комуникација и координација со супервизорот.
Работниот ангажман се однесува на периодот 1 јануари – 14 септември 2022 година, со работно време од 40 часа неделно. Предвидената плата во БРУТО износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 58.000,00 денари бруто износ.
1.2 Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Диплома за завршено високо образование;
- Најмалку тригодишно работно искуство во раководење на проекти;
- Напредни познавања на политики и програми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје со фокус на примарната здравствена заштита и пристап до безбеден абортус;
- Изградени вештини за информатичка технологија;
- Одлични познавања на македонскиот и англискиот јазик;
- Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
- Одлични вештини за комуникација и асертивно однесување;
- Изградени вештини за тимска работа и самоиницијативност;
- Сензибилизираност за работа со маргинализирани и социјално исклучени групи на граѓани.
За предност ќе се смета:
- Работно искуство во граѓанскиот сектор;
- Работно искуство во координирање и спроведување проекти со здравствени работници и соработници;
- Искуство во процеси на јакнење на капацитетите и застапување за унапредување на здравствената заштита.
Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:
- детална биографија на македонски јазик,
- писмо за мотивација на македонски јазик и
- потврда/препорака од претходен работодавач за работно искуство.
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон и e-адреса за контакт.
Документите со назнака/предмет на пораката Конкурс за координатор/–ка на проект треба да се испратат елекнтронски на konkurs@hera.org.mk најдоцна до 23 декември 2021 година.
Кандидат(к)ите кои најдобро одговараат на горенаведените критериуми ќе бидат повикани на интервју по завршувањето на конкурсот.
Кандидат(к)ите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.