28 мај се одбележува од страна на активистите за женско здравје и права уште од 1987 година, кога за време на интернационалниот состанок за женско здравје во Коста Рика, Latin American and Caribbean Women’s Health Network (LACWHN) овој датум беше предложен да се слави како Меѓународен ден за акција за здравјето на жените.
28 мај е признат како Меѓународен ден на акција за здравјето на жените од страна на неколку влади, разни меѓународни агенции и повеќе граѓански организации од целиот свет. Секоја година се фокусот е на одредена тема поврзана со здравјето на жените.
Повеќе информации може да најдете на едукативното видео кое објаснува зошто е важен овој датум и зошто е важно женското сексуално и репродуктивно здравје.