Во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените“ која официјално започна на 25 ноември што се одбележува како Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, ХЕРА со поддршка на Американската амбасада во Скопје спроведува 5 едукации за подигнување на свеста за семејното насилство помеѓу Ромското население и младите во Скопје.
Првите две едукации се одржаа на 28 ноември и 3 декември на територијата на Шуто Оризари. На работилниците присуствуваа над 50 лица од сите возрасни групи.
Едукативните работилници со младите се спроведоа на 6 декември во училиштата: АСУЦ Боро Петрушевски, ГУЦ Здравко Цветковски и СУГЦ Орце Николов.