Во согласност со целите на Стратегијата за Ромите во Република Македонија 2014-2020 година и наставната програма за обука за занимањето Ромски здравствен медијатор одобрена од Министерството за образование и наука, Средното медицинско училиште на Град Скопје “Д-р.Панче Караѓозов”
о б ј a в у в а
ЈАВЕН ОГЛАС
за обука на 16 кандидати за занимањето
Ромски здравствен медијатор
Обуката за занимањето ромски здравствен медијатор е во времетраење од три месеци и ќе започне да се реализира од 17 Јуни 2015 година.
Се охрабруваат заинтересираните кандидати од следниве општини: Ѓорче Петров, Гази Баба, Чаир, Велес, Кичево, Виница, Битола и Прилеп да аплицираат на објавениот оглас.
За кандидатите надвор од Скопје ќе биде овозможено бесплатно интернатско сместување.
- Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- Да имаат завршено средно четиригодишно образование (предност имаат кандидатите со здравствена струка и други сродни струки).
- Да го познаваат македонскиот јазик и јазикот кој се говори во ромската заедница во местото на живеење.
- Да имаат комуникациски вештини.
- Нема ограничувања во однос на полот и возраста на кандидатите (предност ќе имаат припадничките на ромската заедница).
- Да покажуваат интерес во сферата на здравствената и социјалната заштита.
- Да бидат дел од заедницата во која ќе работат или да бидат прифатени од заедницата во која ќе работат.(Предност ќе имаат претставници на ромските невладини организации кои имаат искуство на терен и кои веќе работат на вакви активности)
2. Потребни документи за аплицирање:
– Диплома за завршено средно четиригодишно образование во оригинал или копија заверена на нотар
– Уверение за државјанство на РМ
– Препорака од НВО од местото на живеење
3. Рок за поднесување на документите
Краен рок за поднесување на документите е 15.06.2015 година.
Документите се поднесуваат во архивата на училиштето или по пошта ул.Водњанска б.б Скопје.
Копија од сите документи во електронска верзија, задолжително да се испрати на: dsmupancekaragjozov@yahoo.com и konkurs@hera.org.mk
СМУГС”Д-р.Панче Караѓозов”