Шест организаци (Ромски Ресурсен Центар, Здружение за заштита на правата на детето, Центар за социјални иницијативи Надеж, СОС Детско Село, Х.Е.Р.А и Амбрела ) веќе 8 месеци апелираат до одговорните институции за одговор на прашањето кое го опфаќа видеото, разрешување на прашањето со нискиот квалитет на образовните можности кои им се нудат на децата Роми кои живеат во месноста Момин поток. Молкот на институциите 8 месеци значи уште една учебна година е изгубена и повторно прекршено право на пристап до квалитетно образование. Апелираме, до секој до кој ќе стаса видеото, да направи напори истото да го погледнат претставници од надлежните институции (општина Бутел под чија надлежност е училиштето, општина Карош чии жители се децата) бидејќи нашите напори беа безуспешни и наидоа на молк од институциите. Како најлесно решение им предлагаме на двете општини да се договорат која ќе плаќа редовен училишен превоз за да се префрлат децата во друго училиште и да учат децата во редовни училишта, а не во комбинирана паралелка.
Да помогнеме на децата од Момин поток да ја почнат учебната 2015/2016 во училишни услови кои ќе им овозможат потполн развој на нивните капацитети и чувство на хумано третирање во нормални училишни услови како сите деца кои живеат и учат во градска средина во град Скопје.
Оваа сторија е избрана како репрезентативна во однос на многу слични или исти образовни можности на многу деца, особено на децата Роми, кои освен што немаат соодветен пристап до образование, немаат соодветна здравствена и социјална заштита.
Погледнете го видетото тука