Во прилог поканата за настан, организиран од Поетри Слем.
Драги слемери,
Поканети сме од невладината ХЕРА да слемираме на денот на абортусот ЗА правото на абортус и останатите права на жената. Слемот ќе се одржи на денот на абортусот 28.09. 2015, понеделник во Скопје и ќе биде проследен со дебата и размена на мислења. Бидејќи овој слем ќе биде тематски од учесниците се очекува да настапат со тематски текстови. исто така ОД УЧЕСНИЦИТЕ СЕ ОЧЕКУВА и ДА СЛЕМИРААТ бидејќи од ХЕРА беа децидни дека сакаат да прават слем настан за обележување на денот, а не поетско читање!!!
Во линкови ви испраќаме неколку билтени на тема права на жената особено на тема правата на жената во врска со нејзиното сексуално и репродуктивно здравје. очекуваме да се информирате на таа тема и да ја вклучите креативноста до максимум бидејќи од вас го очекуваме најдоброто – како впрочем и секогаш
Исто така имајте на ум дека од вас не бараме нарачани текстови на одредена тема (значи не забегувајте во политико-општествени памфлети!) туку очекуваме ваши лични креативни книжевни творби насочени кон одредена но широка тема.
Текстовите испратете ги потпишани во ворд док во атач на поетри-слем маилот poetri.slam@yahoo.com најдоцна до 15.09.2015. ПОИНАКУ ИСПРАТЕНИТЕ НЕМА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ!
Доколку се пријават за учество поголем број од предвидениот ќе мора да се изврши селекција. при селекција предност ќе имаат текстовите кои се најсоодветни на темата но и слемерите кои претходно веќе биле дел од поетри-слем настаните.
Среќно!
Поетри слем тимот
http://www.esem.org.mk/