Светлана Војновска

svetlana vojnovskaПроектна координаторка

svetlana.vojnovska@hera.org.mk

Светлана Војновска е магистер по социјална политика. Во периодот од 2002 до 2006 година е ангажирана на Институтот за социјална работа и социјална политика на Филозофскиот факултет, како демонстратор по предметот Социјална работа во локална заедница, задолжена за теоретска и практична работа со студенти. Во истиот период е вклучена и во повеќе апликативни проекти, реализирани од страна на Институтот, како помлад истражувач, едукатор и коавтор на неколку публикации и прирачници, главно поврзани со социјални проблеми во локална заедница.

Од 2006 година својот професионален ангажман го продолжува во граѓанскиот сектор, во здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, каде генерално работи на програми и проекти од областа на намалување на штети и превенција од дроги, лекување, рехабилитација и ресоцијализација, национални и локални политики на дроги. Има и повеќегодишно искуство како теренски истражувач во повеќе квалитативни истражувачки студии поврзани со превенција од дроги и ХИВ меѓу ранливи групи.

Од 2015 година работи во Х.Е.Р.А. како проектна координаторка, одговорна за сервисот за теренско и стационарно ХИВ тестирање и сервисот на Мобилната амбуланта за сексуално и репродуктивно здравје. Дополнително е одговорна за координација и спроведување на активностите на Платформата за одржливост на програмите за ХИВ и учествува во процесите на застапување.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Весник на жените од Шуто Оризари бр. 1

Препознавајќи ги актуелните состојби и предизвици со коишто секојдневно се соочуваат жените од Шуто Оризари при остварувањето на своите репродуктивни права, а особено Ромките како ранлива група на граѓанки, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го издаде првиот број на Весникот на жените од Шуто Оризари за да им ги доближи овие прашања првенствено на надлежните институции и да ги поттикне […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.