Во врска со изјавата на Министерот Ристовски ХЕРА сака да ја извести јавноста дека:
Уште во 2011 година, во преговорите со Бирото за развој на образованието (БРО), ХЕРА ја прифати идејата да се направат надополнувања, односно да се обезбедат прирачни материјали за наставниот кадар, во рамки предметот Образование за животни вештини.
Министерството за образование (МОН) и наука и БРО изразија позитивно мислење за развој на учебник со којшто ќе се подбори наставата за Образование за животни вештини (копија во прилог 04.07.2012 МОН). Учебникот беше изготвен во согласност со методологијата на предметот Образование за животни вештини. Дополнително, беше земена предвид Рамката за сеопфатно сексуално образование, во чија изработка учествуваше и МОН.
МОН и Министерот Ристовски, според претходните упатствата се известени за изготвениот материјал и е побарано мислење, во два наврати, во април и јуни оваа година. ХЕРА од тогаш до денес, од БРО, доби писмо со кое сме упатени да почекаме на мислење од МОН. ( копија во прилог 17.04.2013 БРО). Ова е главна причина што учебникот досега не беше промовиран во јавноста и зошто ја инициравме петицијата.
Оттука не е јасна изјавата на Министерот дека денес првпат слуша за барањата од петицијата. Уште повеќе не може да се разбере фактот дека Ристовски има согледувања за содржината на учебникот и дава критички осврт на неговите содржини. Затоа бараме да ни достави официјален одговор и секако да ја сподели рецензијата на која се повикува, особено да ги аргументира обвинувањата „за експлицитни содржини и несоодветноста за возраста на децата“.
Ќе повториме дека во Акционен план за намалување на матернална, перинатална и доенечка смртност за 2013-2014 година, усвоен оваа пролет од Владата на РМ предвидена е активноста: Ревизија на постоечката наставна програма “Животни вештини“ со теми од областа на сексуално и репродуктивно. (во прилог АП 30.05.2013)