Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А, во соработка со Здружение на граѓани „Мобилноста предизвик“ и Центарот за Истражување на Жените со попреченост од Хјустон, Тексас организираат работилница за професионалци и здравствени работници во полето на репродуктивното здравје на жените со попреченост, која ќе се реализира на 25 и 26 септември на Машински факултет, со почеток од 10:00 до 16:00 часот. Работилницата е дел од програмата „Жената во мене“, која се реализира во рамките на проектот “Партнерства за Зајакнување”, поддржан од Стејт Департментот на САД, во организација на Mobility International USA (MIUSA). Целта на програмата „Жената во мене“ е да се подигне свеста за сексуалните права и да се подобри пристапот до соодветни сервиси за сексуално и репродуктивно здравје на жените со попреченост.
За потврда на Вашето присуство или дополнителни информации Ве молиме обратете се во Х.Е.Р.А на 078/911-381 e-mail: tanja.stankova@hera.org.mk или во Мобилноста предизвик на 077/713-029.