Програмско подрачје: ССО

1.Што сме постигнале досега: 

  • Спроведена е анализа за потребите на наставниците, родителите и учениците и за постојните содржини во наставните програми за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ)
  • Спроведена е анализа за тоа колку младите можат да научат за СРЗ во училиштата
  • Со клучните одговорни институции изготвена е Рамка за сеопфатно сексуално образование (ССО)
  • 48 граѓански здруженија потпишаа петиција до Министерот за образование и наука за воведување на ССО
  • Спроведена е обука заедно со организацијата Рутгерс од Утрехт, Холандија на професори од различни катедри на Филозофскиот факултет за сеопфатно сексуално образование
  • Од професорите на Филозофски факултет е изработена збирка на текстови за сексуалноста, Аспекти на сексуалност и сексуално образование
  • Изработен е Прирачник за наставници од основните училишта
  • Ревидирана е интерната програма за ССО користејќи алатка на МФПР и УНЕСКО
  • Изработен е Прирачник за врснички едукатори
  • ХЕРА има 20 акредитирани едукатори кои во 2015-16 организираа сеопфатно сексуално образование за 200 ученици од скопските средни училишта
  • Евалуацијата на ССО укажува дека големината на ефектот е висока, што индицира дека кај учениците настанала промена на ставовите и нивото на информираност.
  • Комисијата за еднакви можности на мажите и жените од Собранието на РМ во неколку наврати препорача воведување на ССО
  • 4 актуелни национални стратегии усвоени од владата на РМ препорачуваат воведување на ССО

 

2.Партнери

  • Меѓународна федерација за планирано родителство
  • Филозофски факултет, Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  • Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ, ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.


3. Лицa за контакт

Јована Ананиевска
jovana.ananievska@hera.org.mk

Мери Цветковска
meri.cvetkovska@hera.org.mk

 

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Прирачник за сензибилизација на семејни лекари за СРЗ на лицата со попреченост

Прирачникот за сензибилизација на здравствените работници (семејните лекари) го изготвија д-р Катерина Станкова Нинова, д-р Зоран Стојановски и Весна Матевска со цел да ја подотворат вратата за исклучително спефицична тема – сексуалноста на лицата со попреченост.

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за изработка и емитување на видеоспот

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија, го спроведува проектот „Собранието и локалната самоуправа во унапредувањето на правата на ЛГБТ луѓето“. Во рамки на овој проект се предвидени активности за зголемување на свеста на јавноста за намалување на дискриминацијата и насилството врз ЛГБТ лицата во Македонија преку реализација на […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.