Програмско подрачје: Сексуални права

1.Што сме постигнале досега: 

  • Публикацијата „Сексуални права: Декларација на МФПР“ е објавена на македонски јазик
  • ХЕРА воспостави услуги за бесплатна правна помош за луѓе кои живеат со ХИВ
  • По реакциите на повеќе здруженија на граѓани за новиот рестриктивен Закон за прекинување на бременоста 2013 беа отстранети два од петте штетни амандмани
  • Се подготвија неколку извештаи во сенка за состојбата со сексуалните права во Македонија, особено до Комитетот за човекови права, Комитет за економски, социјални и културни права и Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената
  • Заедно со Родовата платформа и Интерресорската група за еднаквост меѓу жените и мажите, во текот на 2015 година се подготви публикација за  Целите за одржлив развој на Обединетите нации (2016–2030)
  • Пред самото одржување на Самитот на Обединетите нации за пост-2015 рамката за развој во Њујорк, Платформа за Родова Еднаквост и Интерресорската комисија ја организираа конференцијата со наслов „Родовата еднаквост во Македонија во пост-2015 рамката за развој – Планирање на идни чекори“
  • Во рамки на Мрежата за заштита од дискриминација се поднесоа претставки за кршење на сексуалните права до надлежните институции
  • Во 2015, по обуките за Комисијата за заштита од дискриминација е донесен „Протокол за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“

2.Партнери

  • Меѓународна федерација за планирано родителство
  • Коалиција Здравствени и сексуални права на маргинализирани заедници
  • Мрежа за заштита од дискриминација
  • Центар за репродуктивни права
  • Ирска асоцијација за планирано родителство
  • Реактор
  • Хелсиншки комитет за човекови права
  • Младинска платформа за ССО во која покрај ХЕРА членуваат: НМСМ, ЈЕФ; ХОПС, МОФ, Y-PEER, Младите можат, Сенки и облаци и Излез.
  • Национална мрежа за  борба против хомофобија и трансфобија
  • Народен правобранител
  • Комисија за заштита од дискриминација
  • Советник за човекови права при Канцеларијата на резидентниот координатор на ОН

 

3. Лицa за контакт

Елена Петровска
elena.petrovska@hera.org.mk

 

 

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.