Програмско подрачје: Младински центри

1. Што сме постигнале досега:

  • Отворени два младински центри – првиот младински центар „Сакам да знам“ во амбулантата Водно во април 2005 година; вториот младински центар „Сакам да знам“, во амбулантата Шуто Оризари во септември 2006 година;
  • Обезбедување на бесплатни услуги, прегледи, советувања, тестирања за сексуално преносливи инфекции, наменети за ранливи и маргинализирани групи  на млади;
  • За 10 години на над 25.000 клиенти пружени им се повеќе од 80.000 услуги. Од нив, 70% се млади до 30 години кои доаѓаат од социјално-исклучени или ранливи групи, 20% се студенти и средношколци
  • Развиен посебен пристап и систем на работа адаптиран на потребите на целните групи, со низок праг на пристапност и отвореност за младата популација;
  • Обезбедеден безбеден личен простор кој гарантира анонимност, доверба и дискреција кај клиентите кои ги користат услугите на младинските центри;
  • Спроведена анализа од прашалниците за задоволство на клиентите која укажува дека над 90% од корисниците се задоволни од услугите кои ги добиле во центрите и повторно би се обратиле за дополнителни услуги во овие центри;
  • Одржана е првата конференција за одржливост на центрите „Инвестицијата во младите – придобивка за сите“ на која присуствуваа повеќе од 20 домашни и меѓународни  општествено одговорни компании  на кои им беше претставена работата на младинските центри;
  • Започната кампања за мобилизација на средства за продолжување на работата на младинските центри „Сакам да знам“.

 

2.Партнери:

  • Глобален Фонд за борба против туберкулоза и маларија
  • Министерство за здравство на Република Македонија
  • Партнерски организации: Стар Стар, Егал, Заедно посилни, ХОПС

 

3. Лице за контакт

Весна Матевска
vesna.turmakovska@hera.org.mk

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Стандарди и процедури за работа на Кризен центар за жртви на сексуално насилство

Од непосакувано „додворување“ и шеги со сексуална конотација до силување, кое може да го врши непознат, цела група, познато лице или член на семејството, сексуалното насилство е често застапен вид на злоупотреба и дел од проблематичната реалност на многу жени и девојчиња во светот и кај нас.

Повеќе »

„Задоволство и врски“ – SexEd 2.0

На второто издание на SexEd зборувавме за магијата на задоволството, разноликоста и филозофијата на врските – со себе и другите. Јавно отворивме многу скокотливи теми и скршивме цел куп табуа во само една вечер. SexEd 2.0 е едукативно и инспиративно патување за сите сетила, а сега во него можете да уживате и вие преку раскажувачките моќи на нашите говорници.

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Барање за прибирање понуди за видео продукција

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува барање за прибирање понуди од физички лица, консултантски куќи, здруженија на граѓани или фондации регистрирани согласно Законот за здруженијата на граѓани и фондации, за видео продукција – изготвување и испорака на едно промотивно видео и кратка верзија од видео спотот.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.