Програмско подрачје: Здравје на Ромите

1. Што сме постигнале досега:

  • Мониторинг од заедницата – преку директни посети од страна на теренските работнички (Иницијатива на жени од Шуто Оризари) од 2012 до 2015 година едуцирани се вкупно 2.398 Ромки, од кои 605 бремени и 1.793 жени во репродуктивен период
  • Правна помош – од 2013 година до 2015 година преку нудење на правна помош формирани се 115 случаи, додека преку нудење на параправна помош од страна на обучени жени од заедницата собрани се вкупно 719 случаи на прекршени здравствени и социјални права за кои е дадено правно советување, поддршка или постапување до институциите
  • Со помош на обучените теренски работнички и параправнички реализирани се над 70 придружби на Ромки до гинеколошки ординации и здравствени установи, за мониторирање на работењето на гинеколозите и полесно остварување на правата на клиентите
  • Од 2012 до 2015 година спроведени се 4 истражувања преку кои се врши следење на квалитетот на здравствените услуги кои ги добиваат Ромките од Шуто Оризари од матичните гинеколози и патронажните сестри во текот и после бременоста. Податоците добиени од овие истражувања објавени се во четирите карти со оценка од заедницата: Прва карта; Втора карта; Трета карта и Четврта карта
  • Програма Ромски здравствени медијатори (РЗМ) која од 2011 година се спроведува во соработка со Министерството за здравство. Главната улога на РЗМ е да го олеснат пристапот на Ромите до основните здравствени и социјални сервиси преку подобрување на комуникацијата помеѓу Ромите и институциите, да пружат помош при обезбедувањето на потребната лична и документација за здравствено осигурување, како и преку здравствено-промотивни активности да влијаат на индивидуално ниво и на ниво на заедница
  • Во 2015 година, РЗМ посетиле 2463 нови семејства, а понудиле услуги на вкупно 9245 лица, од кои 4403 мажи и 4842 жени. Повеќе за работата на РЗМ може да прочитате во Билтен бр.5, Билтен бр.4Билтен бр.3, Билтен бр.2, како и во Прирачник за обука на РЗМ
  • Преку употреба на креативни алатки како форум театар, стрип постери и социјални медиуми од 2015 година се работи на промена на наративите и разбивање на стереотипите кај здравствените работници за пациентите Роми.

2. Партнери

  • Министерство за здравство на РМ
  • Фондација отворено општество – Македонија
  • УНИЦЕФ
  • УНФПА
  • Институт за јавно здравје
  • Центар за стручно образование и обука
  • Граѓанските организации: Амбрела, Кхам – Делчево, Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце, Ромски Ресурсен Центар (РРЦ), Национален Ромски Центар (НРЦ), Центар за образовна поддршка „Дендо Вас“, Центар за социјални иницијативи „Надеж“ и Кхам – Куманово

 

3. Лица за контакт

Елизабета Божиноска

elizabeta.bozinoska@hera.org.mk

Кристина Плечиќ Беќарова

kristina.plecic@hera.org.mk

Александар Самарџиев

aleksandar.samardziev@hera.org.mk

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани. Имајќи ја предвид оскудната литература за социјално претприемништво кај нас наспроти нагорниот тренд на невладини организации кои отпочнуваат да основаат социјални бизниси, па дури и да вршат преку нив активна едукација за […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.