Програмско подрачје: Абортус

1. Што сме постигнале досега:

  • ЗА ОДБРАНА НА ПРАВОТО на ИЗБОР: ХЕРА беше лидер организација за да се спречат обидите на власта да го донесе новиот закон за абортус во Јуни 2013 години. Преку мобилизација на невладините организации и граѓаните се протестираше на улица,се правеа аргументирани анализи, се оспоруваше уставноста на законот, се организираа јавни расправа во Собранието, се бараше поддршка од пратениците, меѓународните организации и Комитетот за човекови права при Обединетите Нации.
  • Иако со новиот закон се ограничи правото на избор на жената за прекин на бременоста, сепак успех на нашиот активизам беа бришењето на одредбите на согласност на брачниот партнер при донесувањето на одлуката на жената и одземање на ексклузивното право на Министерот за здравство да поставува членови на комисиите во болниците кои решаваат за прекин на бременоста по 10-тата недела од бременоста.
  • По четиригодишната кампања: ХЕРА спроведе истражување за ставовите кон абортусот помеѓу општата популација и гинеколозите во Македонија
  • ХЕРА секоја година го одбележува 28 септември „Меѓународен ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус“

 

  • МЕДИКАМЕНТОЗЕН АБОРТУС: Први кои уште во 2009 година започнавме со истражувања од употребата на медикаментозен абортус, обучивме повеќе од 100 гинеколози со помош на меѓународни експерти и изработивме едукативни материјали за здравствени работници и општата популација за предностите од користењето на оваа метода

 

  • АБОРТУС СТИГМА: Од 2014 година, по донесувањето на новиот закон за абортус континуирано работиме на намалување на предрасудите и стереотипите кај младите во однос на правото за избор за абортус и репродуктивните права преку организирање на едукации и кампањи на социјалните медиуми

2.Партнери

  • Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници
  • Реактор
  • Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија
  • Бори се женски
  • Професионално здружение на гинеколози
  • Европски Парламентарен Форум за Популација и Развој (European Parliamentary Forum for Population and Development)

3. Лице за контакт

Бојан Јовановски

bojan.jovanovski@hera.org.mk

 

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Брошура за правата на ЛГБТИ луѓето

За македонските граѓани хомосексуалците се една од најмалку прифатливите групи сограѓани. ЛГБТИ луѓето се соочуваат со дискриминација на работното место, при користењето на правата од социјалната заштита и при пријавување случаи во полициска станица. 

Повеќе »

Чук, чук, извинете што пречам на часот, ССО кога ќе имаме?

Изминува уште една година без сеопфатно сексуално образование (ССО) во училиштата. Па, преку низа предновогодишни честитки испратени од Амстердам, Скопје, Естонија, Тирана и Данска, младите му порачаа на Министерството за образование и наука што сакаат да им донесе во новата 2019-та!

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Конкурс за координатор/-ка на младинските центри „Сакам да знам”

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на координатор/-ка  на младинските центри за сексуално и репродуктивно здравје „Сакам знам” во Скопје, за периодот јануари – декември 2019 година.

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia UN Women Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia Netherlands Embassy in Skopje, Macedonia Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - HERA All rights reserved.