Во рамките на проектот “Сексуалност, сексуални и репродуктивни права и лицата со попреченост”, Х.Е.Р.А. во соработка со Министерство за труд и социјална политика и Министерство за здраство, спроведува јавен настан за промоција и претставување на политиката за сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје и права и лицата со попреченост.
Јавниот настан има за цел да ја запознае пошироката јавност како и сите заинтересирани институции со целта на Политиката, како и да се поттикне понатамошна дискусија за темата на ниво на надлежните органи, институции и здруженија на граѓани.
Настанот ќе се одржи на 17 Февруари, 2011 во просториите на Даре Џамбаз, Скопје со почеток од 11:00 часот.