31.10.2017

Повик за учество на викенд-обука од областа на сеопфатното сексуално образование

Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува повик за учество на обука од областа на ССО.

Обуката опфаќа:

  • Дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност. 
  • Обуката ви носи и можност по нејзиното поминување да станете дел од тимот на волонтери ХЕРАМлади.

Обуката ќе се одржи на 11 и 12 ноември 2017 година во Скопје од 9 до 16 часот. Учесниците кои ќе ја поминат, ќе добијат сертификат. Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.

Ги покануваме сите млади кои:

  • се на возраст од 19 до 23 години,
  • сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права,
  • се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА,
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.

Заинтересираните, најдоцна до 9 ноември 2017 година, треба да испратат:

  • Пополнета пријава за присуство на врсничката едукација

Бројот на учесници е ограничен. Ве молиме да наведете телефон и е-адреса за контакт.

Документите со назнака на пораката Повик за обука од областа на ССО можете да ги доставите на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk

 

 

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Анализа на потребите за развој на социјални претпријатија во Република Македонија

Социјалното претприемништво во Македонија сѐ повеќе се гледа како алтернативен и иновативен модел за промоција на социјалната инклузија, ресоцијализацијата, интеграцијата на пазарот на трудот и вработувањето за лицата од ранливите групи граѓани. Имајќи ја предвид оскудната литература за социјално претприемништво кај нас наспроти нагорниот тренд на невладини организации кои отпочнуваат да основаат социјални бизниси, па дури и да вршат преку нив активна едукација за […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.