Проект: Зајакнување на владеење на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. во периодот од ноември 2014 до декември 2015 го спроведува проектот „Зајакнување на владеење на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“. Во рамките на овој проект е предвидено истражување за проценка на капацитетите, знаењето и потребите на Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) заради зајакнување на внатрешните правни механизми за справување со претставки поднесени од граѓани и НВО за прекршување на права по основ на сексуална ориентација и родов идентитет. Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија.
1. Цели на истражувањето:
– Анализа на ефективноста и ефикасноста на КЗД при извршувањето на законски дефинираните надлежности, при постапувањето по претставки, особено оние поднесени за прекршување на права кај ЛГБТИ граѓани, градењето јавна свест, унапредувањето на правната рамка во оваа област како и меѓу-институционалната соработка;
– Проценка на структурното организирање, функционалноста на воспоставениот систем на работа и спроведувањето на процедурите во КЗД;
– Да се идентификуваат потребите на КЗД во согласност со законски дефинираните надлежности заради унапредување на системот за постапување по претставки за дискриминација на ЛГБТИ права.
2. Профил на консултантот
Консултантот треба да ги исполнува следните услови:
– искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни и квалитативни истражувања во прашања од доменот на човековите права, дискриминација и заштита на правата на маргинализирани групи, заштита на правата на заедницата на ЛГБТИ граѓани, особено е потребно искуство во примена на Desk-review како метод при истражувањето;
– одлично познавање на правната рамка за спречување и заштита од дискриминација во Република Македонија и познавања на современата состојба на човекови права и нивна заштита во врска со оваа област и
– завршено високо образование (општествени науки).
3. Задачи и временска рамка
Истражувачот има задача:
– да развие методологија на истражувањето
– да подготви и спроведе акционен план
– да направи анализа на квантитативните и квалитативните податоци од истражувањето
– да изготви сеопфатен извештај и краток сумарен извештај со заклучоци и препораки
– да ги презентира резултатите од истражувањето пред засегнатите субјекти вклучени во проектот
Временска рамка:
– Подготовка на методологија и акционен план: 20 ноември – 1 декември 2014
– Спроведување на теренската работа од истражувањето: 1 декември – 25 декември 2014
– Обработка на податоците и подготовка на нацрт-извештај со заклучоци: 25 декември – 20 јануари
– Подготовка на финален извештај: до 15 февруари
4. Аплицирање
На повикот може да се пријават физички или правни лица.
Заинтересираните лица, најдоцна до 15 ноември потребно е да достават:
– професионална биографија со вклучени референци за претходни истражувања
– предлог на акционен план за истражувањето, во кое ќе се осврнат на пристапот што би го презеле како методолог и главен истражувач во овој вид на истражување
– предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај
– предлог буџет за истражувањето во бруто износ
Документите со назнака Повик за консултант треба да се достават на следната електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.