Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Х.Е.Р.А. во периодот од јануари 2016 до декември 2016 го спроведува проектот „Сексуално и репродуктивно здравје и лица со попреченост“. Во рамките на овој проект е предвидено истражување за проценка на пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје на лицата со сетилна попреченост (лицата со оштетен вид и лицата со оштетен слух). Главната цел на проценката е да се добијат препораки за унапредување на пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје за лицата со сетилна попреченост, врз база на идентификуваните потреби и недостатоци.
1. Цели на истражувањето:
– Проценка на постоечки систем/механизам за пристап до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје за лица со сетилна попреченост;
– Да се идентификуваат потребите за пристап до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје кај лицата со сетилна попреченост.
2. Профил на консултантот
Консултантот треба да ги исполнува следните услови:
– искуство како методолог и како главен истражувач во квантитативни и квалитативни истражувања
– истражувачко искуство познавање во доменот на човековите права, сексуалното и репродуктивно здравје и права, правата и потребите на лицата со попреченост.
3.Задачи и временска рамка
Истражувачот има задача:
– да развие методологија на истражувањето
– да подготви и спроведе акционен план
– да направи анализа на квантитативните и квалитативните податоци од истражувањето
– да изготви сеопфатен извештај и краток сумарен извештај со заклучоци и препораки
– да ги презентира резултатите од истражувањето пред засегнатите субјекти вклучени во проектот
Временска рамка:
– Подготовка на методологија и акционен план: 10 март – 24 март 2016
– Спроведување на теренската работа од истражувањето: 25 март -25 април 2016
– Обработка на податоците и подготовка на нацрт-извештај со заклучоци: 25 април – 10 мај 2016
– Подготовка на финален извештај: до 10 мај
4. Аплицирање
На повикот може да се пријават физички или правни лица.
Заинтересираните лица, најдоцна до 10 март 2016 потребно е да достават:
– професионална биографија со вклучени референци за подрачјата наведени во точка 2
– предлог на акционен план за истражувањето, во кое ќе се осврнат на пристапот што би го презеле како методолог и главен истражувач во овој вид на истражување
– предлог за изменета временска рамка за спроведување на истражувањето која нема да го надминува крајниот рок за поднесување на конечниот извештај
– предлог буџет за истражувањето
Документите со назнака Повик за консултант треба да се достават на следната електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.