Проект: Унапредување на репродуктивното здравје кај Ромките
Асоцијација за здравствена едукација и истражување- Х.Е.Р.А. во период 2014-2015, имплементира проект финансиран од Фондација oтворено oпштество Македонија (ФООМ). Проектот насловен како „Унапредување на репродуктивното здравје кај Ромките”, има општа цел – Жените Ромки во Шуто Оризари можат да ги остварат своите законски права за репродуктивна заштита со спроведување на застапување на заедницата кое ги поврзува пристапите на мониторингот од заедницата и правната помош, за усвојување на политики и испорака на услуги и механизми кои обезбедуваат фер и ефикасен пристап до антенатална и репродуктивна заштита.
Во рамки на проектот е предвидено е воспоставување на работна група за застапување за репродуктивни права. Работната група треба да добие основна обука за стратешко планирање и застапување.
За таа цел, ХЕРА има потреба од ангажирање на експерт за фасилитација на основна обука за застапување.
Обуката за застапување треба да се фокусира на следните цели:
- Учесниците на обуката да се запознаат со основните поими и процеси на застапување
- Запознавање на учесниците со техниките и алатките кои се користат во процесот на застапување
- Развивање на акционен план за застапување на Работната група за унапредување на пристапот до услуги за репродуктивно здравје на жените Ромки
Профил на експертот
- Познавање на национални политики и програми поврзани со социјални и здравствени права на Роми
- Познавање на национални политики и програми за сексуално и репродуктивно здравје и права
- Познавање на теориските и локалните практични пристапи за стратешко планирање
- Познавање на теориските и локалните практични пристапи за застапување
Предност ќе имаат кандидатите кои имаат:
- Искуство во подготовка и/или спроведување на политики и програми за маргинализирани заедници, вклучително и Роми
- Искуство во подготовка на политики и програми за Роми во рамките на граѓанскиот сектор
- Искуство во подготовка на програми за сексуалното и репродуктивното здравје
Задачи и временска рамка
Експертот има задача да:
- подготви агенда и материјали за обуката
- подготви презентации и вежби за спроведување на обуката
- спроведе/ фасилитира обука за застапување
- заедно со работната група развие/ подготви акциски план за застапување и унапредување на здравјето на жените Ромки
- да подготви извештај од спроведената обука
Временска рамка:
- Агендата, презентациите и вежбите за спроведувањето на обуката да бидат испратени најдоцна до 15 мај 2014
- Обуката да биде спроведена во период 22-23 мај 2014
- Финалниот извештај од обуката заедно со финалниот акционен план за застапување на Работна група да биде испратен во електронска верзија до 30 мај 2014
Аплицирање
Заинтересираните лица, најдоцна до 6 мај потребно е да достават:
- Кратка биографија
- Мотивационо писмо со очекување/ предлог за финансиска надокнада за ангажманот.
Документите со назнака – Повик за понуди за експерт за фасилитација на обука за застапување, да се достават на следната електронска пошта: konkurs@hera.or.mk
Лицата коишто аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на повикот.