Конкурс за вработување на определено време
[преземете го огласот во .pdf]
Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.- објавува конкурс за вработување на определено време на следното работно место:
1. Менаџер на Младинскиот Центар „Сакам да знам-Шуто Оризари“ , полно работно време
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- државјанин на Република Македонија
- дипломиран/а социјален работник/чка
- минимум едногодишно искуство на работа во ромска заедница
- познавање на англиски јазик
- познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet)
- искуство во работа со маргинализирани групи (Сексуални работници, Мажи кои имаат секс со мажи, Лица кои инјектираат дроги)
За повикот се охрабруваат кандидати/ки со:
– познавање на ромскиот јазик
– искуство во работа со млади и адолесценти
– искуство во граѓанскиот сектор
– искуство во програми за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
– способности за организација и комуникација
– изградени способности за самостојна и тимска работа
– динамични и амбициозни личности со самоиницијатива
Најдоцна до 18 март до 17:00 заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места или образовни институции
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, најдоцна 8 дена по затворањето на конкурсот .
Документите со назнака/предмет на пораката можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/, Скопје со назнака (конкурс за менаџер на центарот „Сакам да знам Шуто Оризари“)