Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време на следното работно место: асистент на проект „Унапредување на репродуктивното здравје на Ромките“ поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија, за период од јуни – декември 2014.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено високо образование
- вештини за административно и финансиско работење
- најмалку тригодишно работно искуство воспроведување на проекти
- одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување)
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- изградени вештини за административна комуникација, логистика на активнсоти и подготовка на извештаи
- изградени способности за тимска работа
- државјанство на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
- претходно искуство во рамки на граѓански здруженија
- динамична, амбициозна и самоиницијативна личност
- Претходно искуство во проекти за унапредување на здравјето на Ромите
Најдоцна до 16:00 часот на 30 мај 2014 (петок), заинтересираните кандидати треба да достават:
– биографија
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните работни места
– копии од дипломи од образовни институции
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, 7 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за Асистент на проект можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk , или пак
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца 56, 1000 Скопје