Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време на работно место со следниов опис:
Асистент на проектот „Зајакнување на владеење на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“ поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, од ноември 2014 година до декември 2015 година, со полно работно време од 40 работни часови.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
Квалификации:
- завршено високо образование
- одлично познавање на англиски јазик
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- државјанство на Република Македонија
Искуство и вештини:
- повеќегодишно искуство во граѓанскиот сектор
- изградени вештини за административна работа, организирање на активности и подготовка на наративни и финансиски извештаи
- Ефикасна организација на работното време и исполнителност
- Изградени способности за тимска работа
- Вештини за комуникација и соработка со донесувачи на одлуки
За работното место предност ќе имаат кандидати со претходно искуство:
- во унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје и права
- во проекти за заштита од дискриминација на маргинализирани групи на граѓани, а особено на заедницата на ЛГБТ граѓани
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа, ќе имаат еднакви услови.
Најдоцна до 16:00 часот на 21 октомври 2014 (вторник), заинтересираните кандидати треба да достават:
– биографија (во која јасно го истакнуваат претходното искуство во наведените подрачја)
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните работни места
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Биографиите на останатите кандидати ќе бидат внесени во базата на податоци на ХЕРА и ќе бидат искористени доколку во иднина биде отворена работна позиција за која се потребни слични квалификации како во оваа.
Ве молиме во биографијата наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, 7 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за Асистент на проект можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk, или пак
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца 56, 1000 Скопје