Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – објавува конкурс за вработување на определено време на следното работно место: асистент на проект на „Прв семеен центар во Град Скопје“ во рамките на програмата „CIVICAMobilitas“ имплементирана од Центарот за Институционален Развој – ЦИРа за период од 1 јануари – 31 декември 2013.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено високо образование
- познавање на административно и финансиско работење
- најмалку едногодишно работно искуство во раководење со програми и проекти
- одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување)
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft office)
- изградени способности за тимска работа
- државјанство на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
- претходно искуство во рамки на граѓански здруженија
- завршено високо образование од областа на социјална работа и социјалнa политика, психологија и дефектологија
- динамична, амбициозна и самоиницијативна личност
Најдоцна до 17:00 часот на 20 декември 2012 (четврток), заинтересираните кандидати треба да достават:
– биографија
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните работни места
– дипломи од образовни институции
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, 7 дена по затворањето на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за Асистент на проект можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02/3290 395
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца 56 1000 Скопје