Во март 2015 , во рамките на активностите на Платформата за родова еднаквост, Асоцијација за здравствена едукација и истражувања – ХЕРА, спроведе обука за Сексуални и репродуктивни права.
Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите и знаењата во областа на сексуални и репродуктивни права кај здруженијата на граѓани кои работат на родова еднаквост. Меѓу темите кои беа опфатени на самата обука се зборуваше за род и родови улоги, поимот на сексуалност, сексуални и репродуктивни права, како и абортус и Законот за прекин на бременост, а обучувачи беа М-р. Ана Блажева од Институт за социјална и хуманистички науки и Д-р Снежана Георгиева од Клиника за гинекологија и акушерство.
На обуката учествуваа вкупно 25 учесници од повеќе организации од Македонија кои работат на родова еднаквост и женски права.