ХЕРА се залага за свет во кој сексуалните и репродуктивните права се загарантирани и каде сите мажи, жени и млади се здрави и слободни, славејќи ја сексуалноста и различноста како појдовен животен принцип.
Х.Е.Р.А. ги постави следниве пет приоритетни области на кои што работи:
- Абортус – за да се обезбеди гаранција за правото на жената за избор, пристап до безбеден и легален абортус и зголемена стапка на користење на контрацепција
- Адолесценти и Млади – за да младите бидат свесни за своите сексуални и репродуктивни права и имаат пристап до сеопфатни информации, едукација и услуги за унапредување на своето сексуално и репродуктивно здравје
- ХИВ/СИДА – за да се одржи ниска стапка на ХИВ/СИДА во земјата согласно Националната Стратегија за ХИВ/СИДА 2007 – 2011 и обезбеди целосна заштита на правата на лицата инфицирани и погодени од ХИВ инфекцијата
- Пристап – за да сите имаат вистински информации и знаења за своето сексуално и репродуктивно здравје и достапност до најразлични услуги како целосно би ги остарувале своите здравствени, социјални, сексуални и репродуктивни права
- Застапување – за да националните политики, законските регулативи и програмите кои се во интерес на сексуалното и репродуктивното здравје и права целосно одговараат на различните потреби на сите луѓе и ги заштитуваат нивните права до највисоки стандард