Маја Балшиќевска

Прoектна координаторка

maja.balsha@hera.org.mk

Маја Балшиќевска во ХЕРА започна да работи во октомври 2013 година како социјален работник/менаџер на Првиот семеен центар на Град Скопје. По тригодишна работа во Семејниот центар, во септември 2016 година премина во извршната канцеларија на ХЕРА како проектна координаторка на проектот „Градење меѓусекторска соработка за справување со случаи на деца жртви на насилство“. Работи на програми за родово базирано насилство и права на жени и деца.

Родена е во Скопје, а дипломира во 2007 година на Филозофскиот факултет, на Институтот за социјална работа и социјална политика. Понатаму образованието го продолжува на постдипломски студии на Правниот факултет при Универзитетот во Загреб, во Студискиот центар за социјална работа. Магистрира во 2011 година со титула Специјалист за психо-социјален пристап во социјална работа.

За прв пат во активностите на ХЕРА се вклучува во 2006 година, како врснички едукатор и тренер за полово преносливи болести. Член е на ХЕРА од 2014 година.

Публикации

Публикации

Кампањи

Сервиси

Работа со Х.Е.Р.А.

Билтен за семејно планирање бр. 8

Годинава ја заокружуваме со осмото издание на Билтенот за семејно планирање, кое му го посветивме на платеното породилно отсуство како една од особено важните политики што имаат голем потенцијал да придонесат кон унапредување на здравјето на мајките и на новороденчињата. Низ интервјуа со активистки и универзитетски професорки ги согледуваме придобивките што ги носи породилното отсуство и суштинската разлика помеѓу породилното […]

Повеќе »

Отворен ден ХЕРАМлади

ХЕРАМлади организираат отворен ден за сите оние кои сакаат да им се придружат! Ако си активист, ако си млад од 17-21 година, ако сакаш да дознаеш повеќе за сексуално и репродуктивно здравје, ако сакаш и твоите врсници да знаат повеќе, придружи ни се на отворениот ден и дознај повеќе! Сакаш да го искористиш твоето време за нешто различно од досегашното […]

Повеќе »

Бесплатни услуги

ХЕРА нуди низа бесплатни, анонимни и доверливи сервиси од областа на сексуалното и репродуктивно здравје. ХИВ тестирање, гинеколошки и дерматовенеролошки прегледи, бесплатна правна помош, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали, советување

Повеќе »

Повик за ангажирање консултант за спроведување обуки за мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување објавува повик за ангажирање консултант за спроведување обуки на тема Мобилизација на ресурси со фокус на искористување на фондовите на Европската унија. Ангажманот е во рамки на проектот „Осигурување на одговорна транзиција од финансиската поддршка од Глобалниот фонд кон одржливо финансирање со средства од националниот буџет на програмите за ХИВ превенција и […]

Повеќе »

Партнери


Civica Mobilitas Opstina Centar European Delegation in Macedonia Groupe SOS CFSD Embassy of the United States Skopje, Macedonia http://macedonia.nlembassy.org/ Astra Network Град Скопје The Global Fund EGAL Коалиција СЗПМЗ Коалиција хомофобија Комерцијална банка Министерство за здравство IPPF - IPPF European Network National partnerscratic Institute NDI Национален младински совет Општина Струмица Македoнска платфoрма прoтив сирoмаштијата Радио МОФ УНФПА Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ) Center for Institutional Development - CIRa http://psihologija.com.mk/
Copyright 2013 - H.E.R.A. All rights reserved.