Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје објавува конкурс за вработување на определено време на следното работно место: проектен асистент на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ
Работното место се отвора во рамките на проектите „Организациско јакнење на заедницата на ЛЖХИВ“ (поддржан од Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија) и проектот „Обезбедување долгорочен пристап до квалитетна терапија за ХИВ во Македонија“ (поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија).
Работното место се отвора од 1 февруари 2014 година во траење до крајот на годината, со тримесечен пробен период и со можност за продолжување во 2015 година.
Работни обврски
Проектниот асистент:
- се грижи за логистика и организација на проектни активности, во канцеларија и надвор од неа
- подготвува потребна документација (договори, налози и сл.)
- по овластување од координаторот комуницира со други организации и институции
- подготвува наративни и финансиски извештаи од поединечни активности (на англиски и на македонски)
- следи огласи и можности за фондови и учествува во подготовка на проектни апликации
- следи објави и известувања во медиумите во врска со ХИВ и ЛЖХИВ и релевантни здравствени, социјални и други политики и подготвува прес-клипинзи
- одржува профил на ЗАЕДНО ПОСИЛНИ на социјални мрежи
Општи услови
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
- завршено високо образование
- познавање на административно и финансиско работење
- одлични вештини на усна и писмена комуникација
- најмалку едногодишно работно искуство (не е исклучено и волонтерско искуство)
- одлично познавање на англиски јазик (пишување, читање и зборување)
- одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)
- изградени способности за тимска работа
Критериуми за избор
За работното место предност ќе имаат кандидатите со:
- претходно искуство во граѓанскиот сектор
- познавања или искуство од областа на работа со маргинализирани групи, јавно здравје, сексуално и репродуктивно здравје и ХИВ, човекови права
- образование во некоја од следниве области: социјална работа, психологија, хуманистички науки, економија, право, медицина или други сродни професии
- мотивираност за работа во областа на конкретното работно место
- доверливост и сензибилност за работа со лица со ХИВ
- динамичност, амбициозност и самоиницијативност
- возачка дозвола Б категорија
Потребни документи
Најдоцна до 15.01.2014 заинтересираните кандидати треба да ги достават електронски следниве документи:
- професионална биографија
- писмо за мотивација (200-300 збора)
- две препораки, од кои барем една од претходно работно место
- уверение за завршено високо образование
Сите кандидати што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор, при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Ве молиме наведете телефон за контакт и е-маил адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од конкурсот, по електронски пат, 15 дена по затворањето на конкурсот.
Се охрабруваат лица што живеат со ХИВ да се пријават на огласот, при што доверливоста за ХИВ-статусот е строго гарантирана.
Документите со назнака/предмет на пораката „конкурс за асистент“ доставeте ги на: zaedno.posilni@hera.org.mk