Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.- објавува конкурс за работно ангажирање на определено време на следното работно место: Социјален работник/чка во Прв семеен центар на град Скопје.
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– дипломиран/а социјален работник/чка
– искуство во работа како социјален работник/чка
– познавање на англиски јазик
– познавање на работа со компјутери (Microsoft Word, Excel, Power Point, Internet)
– државјанин/ка на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
– работно искуство во работа со жртви и/или сторители на семејно насилство
– искуство во граѓанскиот сектор
– способности за организација и комуникација
– изградени способности за тимска работа
– максимална посветеност кон работата
– динамичнa, амбициозна и самоиницијативна личност
Најдоцна до 17:00 часот на 21 август 2016 (понеделник), заинтересираните кандидати треба да
достават:
– електронска (скенирана) копија од диплома за завршено образование
– биографија
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните работни места
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидати и кандидатки ќе имаат еднакви услови без оглед на етничката припадност, родовата идентификација, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или која било друга основа.
Сите кандидати кои ќе ги достават бараните документи и кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидатките и кандидатите ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат 10 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за социјален работник/чка можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца, 56 1000 Скопје