ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување објавува конкурс за ангажирање на проектен координатор за потребите на проектот „Теренско доброволно советување и ХИВ тестирање“ за период јуни – декември 2016.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– Завршено високо образование
– Основни познавања на работа со компјутери (Microsoft office)
– Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор и раководење на проекти
– Искуство во водење и планирање на финансии
– Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик
– Изградени способности за тимска работа и комуникација
– Максимална посветеност кон работата
– Државјанин на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати коишто имаат:
– Искуство во работа со маргинализирани групи
– Искуство во граѓанскиот сектор
Најдоцна до 17.00 часот на 22 мај (петок) 2015, заинтересираните кандидати треба да достават:
– електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
– кратка биографија
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните ангажмани како проектен координатор
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за проектен координатор можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А Дебарца, 56/4 1000 Скопје
Во рок од 5 дена од завршувањето на огласот апликатите кои најдобро одговараат на критериумите дадени погоре ќе бидат повикани на интервју.