Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А.- објавува конкурс за привремено ангажирање на Менаџер на сервис за нудење на палијативна грижа на стари лица во домашни услови.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови
– Завршено високо образование
– Најмалку 2 години работно искуство во приватен сектор од областа на маркетинг и продажба и/или искуство во водење на фирма
– Одлични предзнаења и вештини во продажба на услуги, сегментација на пазар, промоција и работа со клиенти
– Познавање и водење на финансии во фирма
– Изградени способности за тимска работа
– Изградени комуникациски способности
– Максимална посветеност кон работата
– Државјанин на Република Македонија
За работното место предност ќе имаат кандидати со:
– Искуство во работа со маргинализирани групи
– Претприемачки способности
– Искуство во граѓанскиот сектор
Најдоцна до 17:00 часот на 28 април 2015 (вторник), заинтересираните кандидати треба да достават:
– електронска (скенирана) копија од диплома за завршено високо образование
– кратка биографија
– писмо за мотивација
– една препорака од претходните ангажмани како менаџер
Ве молиме во апликацијата да наведете телефон за контакт и e-mail адреса.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за менаџер на сервис за палијативна грижа на стари лица во домашни услови можете да ги доставите на следниов начин:
Електронски: konkurs@hera.org.mk
По факс на: 02 55 6 002
По пошта: Х.Е.Р.А. Дебарца, 56 1000 Скопје
Во рок од 10дена од завршувањето на огласот апликатите кои најдобро одговараат на критериумите дадени погоре ќе бидат повикани на интервју.