1.Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
– Завршено високо образование
– Најмалку 3 годишно работно искуство во програмско и финансиско работење на проекти
– Најмалку 1 годишно работно искуство во спроведување проекти за унапредување на услови за живот на младите
– Завршени обуки од областа на сексуално и репродуктивно здравје или сексуалното образование
– Искуство во мобилизирање на младински групи
– Изградени вештини за информатичка технологија (Microsoft office, World press, платформи за социјални медиуми)
– Одлични познавања на Македонски и Англиски јазик
– Изградени вештини за логистика
– Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи
– Државјанство на Република Македонија
Предност ќе имаат кандидати:
-Искуство во активизам за сексуални и репродуктивни права
-Искуство во имплементација на проекти за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје
-Искуство во граѓанскиот сектор
-Учество во младински групи
2.Опис на работната позиција:
Вработената или вработениот ќе бидат одговорна/ен за раководење на младинските програмски активности во ХЕРА. Лицето ќе биде одговорно за координација и поддршка на обуки и на врснички едукации, раководење на активности за застапување за сеопфатно сексуално образование и сексуални права, организирање на работата и анимирање на волонтерите на ХЕРА. Обврските ќе бидат поврзани со логистика со едукатори и училишта, комуникација со партнерски младински организации, со донесувачи на одлуки и политичари, комуникација со младите волонтери и организирање на активности во согласност со нивните потреби.
Работниот ангажман е до декември 2016 година. Предвидената плата во бруто износ со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување изнесува 34 900 денари.
Ги охрабруваме младите на возраст до 30 години да аплицираат за работното место.
Најдоцна до 17 септеври 2015 заинтересираните кандидати треба да достават:
– писмо за мотивација
– детална биографија
– една препорака од претходните работни места кои потврдуваат искуство во раководење на прокети наменети за млади
Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор при што ќе треба да ги донесат оригиналните документи на увид. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.
Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Конкурсот, по електронски пат, во рок од 8 дена по затворање на конкурсот.
Документите со назнака/предмет на пораката конкурс за координатор за млади можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: konkurs@hera.org.mk
По пошта: Х.Е.Р.А. ул. Дебарца 56/1-4, Скопје, со назнака (оглас за координатор за спроведување на младинските програмски активности)