Конкурсот за дизајн на младински разгледници е дел од втората фаза на националната кампања „Идеите ги споделувам гласно” во рамки на „Youth Voice“ – регионалната кампања која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации. Целта на конкурсот е да ги инспирира младите креативно да се изразат на зададената тема и понатаму преку печатење и дистрибуција на победничкото решение да им овозможи на младите да ги споделат своите мислења и ставови за светот каков што го посакуваат.
Повеќе инфорамции за конкурсот од Y-PEER Македонија тука